Нашата приказна започна со сонот на мојот татко да се започне сопствен
семеен бизнис.
Без претходно искуство во угостителство, но како економист по професија и човек кој имал разбирање за бизнис, татко ми, Димитар Божијанов ја отвара пицерија Бонџорно во јуни 1992 година.
Патување за Италија, набавка на машини, осмислување рецепти, вежбање теста, проби, грешки, успеси, многу возбуда, непроспиени ноќи, многу надежи и пред се посветена работа.
На 27 јуни сега веќе далечната 1992 година излезе првата пица и го означи почетокот на овој угостителски објект кој сега е дел од историјата на градот.
Во 1993 година и јас се приклучив во работата на пицеријата. Со поддршка на семејството, но и многу вработени, сега веќе пријатели , поминавме многу и растевме заедно со градот! Реновиравме, градевме, додадовме летна тераса, го надополнувавме менито, бевме овде за Вашите родендени, матурски прослави, слави и имендени, запросувања, романтични вечери, забави, опуштени ноќи, семејни собирања.
Продолжуваме понатаму!
Чест ни е да кажеме дека еве во 2021 година и третата генерација се приклучи во бизнисот! Во годината кога се подготвуваме да прославиме 30 години постоење и нашиот син се приклучи кон тимот и својата животна определба ја виде во пицерија , Бонџорно ,, - најстарата и најдобрата пицерија во Струмица !
Без Вас, наши верни клиенти ништо од ова немаше да биде возможно ! Ви благодариме за долгогодишната лојалност и доверба и Ви наздравуваме за уште поубави времиња!
Бидете ни здрави и во добро расположение уште долги години да уживаме во прекрасните вкусови!
Со почит
Горан Божијанов- сопственик на пицерија Бонџорно